„Неодговорните најави на ДУИ за бојкот на локалните избори им покажа уште еднаш дека се целосно изолирани. Тоа што не се снаоѓаат во опозиција не може да го претворат во државен проблем. Али Ахмети е очаен за политичко внимание. Бара факторизација преку некаква средба со ВРЕДИ, за проблеми кои ни ги остави во наследство“ соопштија денеска од коалицијата ВРЕДИ.
Велат „Прво, крајно лицемерно и неодговорно е ДУИ да не обвинува нас за иницијативата пред Уставниот Суд, кога истата е свесно држена во фиока од нивните кадри во овој Суд, со план денес да се злоупотребува за критика. Не може ВРЕДИ да биде одговорен за одредени недоречености во законот кои самите ДУИ свесно ги дозволиле. Второ, текстот на Законот за употреба на албанскиот јазик е доставен до Венецијанската комисија токму од Бујар Османи“.
„Нема никаква дилема дека зад сценариото за бојкот на локалните избори се крие стравот на ДУИ од пораз, па затоа измислуваат алиби во лажните обвинувања за наводна деалбанизација која симптоматично, според нив се случува само затоа што тие не се дел од Владата. ДУИ се преценува во моќта било што да организира на терен. Прочитани се. Да имаа поддршка од Албанскиот народ одамна ќе излезеа со протести, впрочем како што претходно најавуваа“ велат од ВРЕДИ и апелираат до здраворазумното членство на ДУИ „да не влетува во егзибиционизмот на нивното корумпирано раководство“.