ВРЕДИ: ДУИ нон грата, повикајте го Артан од црната листа како експерт за „ослободување“ на државата!

by Fokus

„Партијата нон грата ДУИ која 20 години заробената држава ја претвораше во уметност, денес глумат моралисти и сакаат правда?! Ова е најголемиот апсурд на деценијата! Станува збор за партијата која го претвори судството во подружница на ДУИ, каде одлуките не се носеа во судници, туку во партиски канцеларии. И сега овие “професори за корупција“ ја обвинуваат власта за заробување на државата!, велат од коалицијата ВРЕДИ.

Како што нагласуваат, „Заробувањето на државата се појави како концепт во извештајот на Прибе за да се опише владата Груевски-Ахмети, влада која протера илјадници Албанци од земјата, со бројни политички монтирани случаи и неправди“.

„Заробувањето на правдата од нив може да ја прикажеме со имиња – Џелал Бајрами, Барлет Џафери, синот на Талат Џафери, Иџет Мемети, и многу други. Како може обвинителството на Ислам Абази да даде став за ослободување на осудените на 27 април и во исто време нон грата ДУИ, да не обвинува за заробување на државата?! Кому му прават црн хумор овие?! Затоа, предлагаме нон грата на ДУИ да го повикаат најновиот жител на црната листа Артан Груби како “експерт“ за ослободување на државата“ велат од владејачката албанска коалиција.

Тие сметаат дека „ДУИ нон грата не се навикнати на добро владеење, па многу лошо ја доживуваат ПРОМЕНАТА. Вие што на вашиот грб ја имате трагедијата на Модуларната болница во Тетово, а уште имате лице за неосновани обвинувања. Вие што ја пополнувате американската црна листа, вие што ги срамите Албанците. Нон грата партијата нема што да и понуди на албанската политичка сцена, освен црна и деструктивна политика. Вие сте дел од црната историја на Албанците“.

Поврзани новости