Коалицијата ВРЕДИ го обвини екс-вицепремиерот Артан Груби дека стои зад идејата ДУИ да ги бојкотира претстојните локални избори.
– ДУИ знае дека има само еден начин да се избегне поразот: да се бојкотираат изборите и да се предизвикаат тензии на денот на гласањето. Ова е нивната последна карта, бидејќи знаат дека Албанците веќе не им веруваат и не ги сакаат повеќе на власт. Самиот Али Ахмети призна од Липково: ДУИ се подготвува за бојкот на локалните избори! Што укажува ова? Дека ДУИ нема идеи, нема програма, нема нови луѓе – туку само страв од уцена, велат од коалицијата.
Oд ВРЕДИ додаваат дека ДУИ е партијата која две децении ги држеше Албанците во заложништво со лаги и политички манипулации, денес е заробена во корупција и паника.
– Сега не одлучува ниту членството, ниту гласачите – ДУИ со далечински управувач ја командува бегалецот Артан Груби. Оние кои некогаш се фалеле дека не се ни плашеле од бомбите од 2001 година, денес станаа толку изнемоштени што колената им треперат од политичките бомби на Груби. Дали Артан Груби е авторот на сценариото за бојкот на локалните избори? Со што Груби го држи ова раководство на ДУИ во заложништво? Албанците треба да ја знаат вистината! Времето на ДУИ заврши – никој нема да ги спаси од казната на народот, обвинуваат од ВРЕДИ.