„Каменот од блиску доаѓа“! Ова е познатата изрека која е позната и од прислушувањето на граѓани од страна на ДУИ со Сашо Мијалков и Никола Груевски. И токму оваа изрека, која е мотото на владата на Али Ахмети, е актуелна и денеска.
Но, ДУИ вчера го претстави Бујар Османи како кандидат за претседател, со мотото дека наводно се против Русија и про-ЕУ. Ете го значењето на изреката- каменот што те удира, доаѓа од блиску- ДУИ, која веќе јавно соработува со Русија, се обидува да се заштити со спротивна пропаганда“, вели Весир Дурмиши од ВРЕДИ.
„Сепак, тука сме за јасно да им покажеме на ДУИ, Али Ахмети, Артан Груби и Бујар Османи дека колку и да се трудите не можете да ги измамите граѓаните!
Мислите дека граѓаните не знаат дека главен партнер ви е Русија!
Дали навистина верувате дека граѓаните и меѓународниот фактор не знаат дека Бујар Османи е единствениот кој и го отвори небото на Русија и го донесе Сергеј Лавров во Скопје, поради што го вознемиривте главниот стратешки партнер на Албанците, САД, и Секретарот Антони Блинкен не го посети Скопје.
Токму поради пријателството и бизнисот со Русија и Србија, Бујар Османи, ниту како министер за надворешни работи, ниту како претседавач со ОБСЕ, ниту еднаш не го посети Косово, дури и кога Србија преку своите неформални војници го нападна Косово во Звечан, каде што беше убиен еден косовски полицаец.
Сите Вие 10 години владеавте со најголемиот проруски ориентиран во државата Никола Груевски. Потоа безбедно го испративте во Унгарија.
Им должите на вашите граѓани да ја кажете вистината, дали се уште одржувате контакт со Груевски? Дали Бујар се сретнал со Груевски во Будимпешта, со намера да го вратите во Скопје и да владеете заедно со него?
Но, ја разбираме и причината зошто не можете да се одвоите од Никола Груевски, особено Бујар Османи, бидејќи како министер на Груевски, Османи направи милионски злоупотреби, а потоа го изградија досието „пациент“ со кое ДУИ изнудуваа милиони евра. Никола и Сашо ги чуваат во џебови.
Граѓаните знаат дека ДУИ со руски олигарси има десетици бизниси за брзи кредити. Но, кој дозволува отворање на казина од руски и српски бизнисмени кај нас, освен функционери на ДУИ?
Конечно, малку за тоа како ДУИ е европска! Кажете ни еден случај во Европа, каде син и ќерка на лидер на владејачка партија се осомничени дека добивале тендери вредни милиони евра од државата и возат скапи автомобили од 200 илјади евра? Во која европска земја внукот на партискиот лидер купува трговски центар како СОРАВИЈА вреден 30 милиони евра? Во која земја во Европа има компанија како ЕУРОВИЈА која секојдневно се збогатува со тендери од државни институции и нема никаква одговорност ниту од лидерот, ниту од државата.
Ако најдете ваков сличен партнер во Европа, тогаш признаваме дека навистина сте „Да“ за Европа, но сите ваши постапки и соработки се типични за Русија и Србија, само што сега не можете да ги сокриете.
Затоа, многу јасно ви даваме до знаење дека сите знаеме дека вие од една страна се преправате дека не сте за Русија, а од друга страна само дозволувате нејзино проширување и влијание во Северна Македонија. Постапувате токму како вашето мото – КАМЕНОТ ОДБЛИСКУ ДОАЃА“!
Затоа, граѓаните, секој ден се повеќе се приклучуваат на вистинската проевропска коалиција, се приклучуваат на опозициската коалиција за која ВРЕДИ. Затоа Арбен Таравари убедливо ќе победи како кандидат за претседател, бидејќи граѓаните знаат што е ВРЕДНОСТ!
На 8 ма,ј каменот што се обидувате да го им го фрлите на другите ќе ви падне на глава и на 9 мај земјата ќе се ослободи од Русија, додека проевропскиот и проамериканскиот дух ќе триумфира, бидејќи само така ВРЕДИ!“, вели Дурмиши.