Коалицијата „Вреди“ денеска пред Јавното обвинителство побара по допрен глас да реагира за основано сомнение за сторена политичка корупција во режија на кадрите на ДУИ во Лотарија.
-Согласно оваа Тековна состојба издадена од Централниот Регистар на 4 август 2024 година, АД Државна Лотарија на 31 март 2023 година преку делегирање на 51% во сопственичкиот капитал, регистрирал втора видео лотарија под името НОВО ВЛТ со основна главнина од без малку 10 милиони евра.
Како носител на дејноста и ко-сопственик на НОВО ВЛТ се јавува компанијата Друштво за услуги ХТЛ Македонија ДООЕЛ Скопје.
За членови на Надзорниот Одбор на НОВО ВЛТ беа назначени, продолжената рака на Артан Груби и поранешниот директор на АД Државна Лотарија, Перпарим Бајрами и неговите сопартијци од ДУИ, Артин Спахију и Омер Буњаку, изјави на прес-конференцијата пратеникот од „Вреди“, Беким Сали.