Коалицијата на албанските опозициски партии „Вреди“ тврди дека Северна Македонија под владеењето на СДСМ-ДУИ се претворила во “антиамериканско и антизападно гнездо“, како реакција на санкциите изречени кон компанијата „Сајтрокс“.
-Како членка на НАТО коалицијата на СДСМ и ДУИ таа стана тројански коњ преку кој мрачните сили ја поткопуваат безбедноста на нашите американски и европски партнери.По сите овие скандали, ги поставуваме следниве прашања:
1) Како е можно членка на НАТО да шпионира високи американски функционери?
2) Зошто Северна Македонија не презема ништо за уништување на софтверот Предатор на фирмата Сајтрокс, иако била алармирана најмалку две години?
3) Дали софтверот Предатор се користи за шпионажа и во Северна Македонија? Дали оваа власт продолжила со тактиката на Мијалков?
4) Дали постои и каква е врската помеѓу израелецот Тал Далиан и израелската компанија која работи на кампањата на ДУИ? Дали кампањата на ДУИ се базира првенствено на шпионажа потпомогната од израелски компании?- стои во реакцијата на „Вреди“.