Вредат за парите, вели Елена Ристеска за нејзините парфеми кои се продаваат за 4.600 денари

by fokus

Поп пејачката Елена Ристеска лансираше два парфеми ЕРА за жени и ЕРА за мажи, кои можат да се купат онлајн преку страницата ERA cosmetics, а моментално се работело и на други козметички производи со потписот на пејачката кои наскоро ќе бидат лансирани.

На социјалните мрежи Ристеска упати порака дека многу често се потценуваат македонските производи, додавајќи дека зад секој македонски производ стои многу повеќе труд отколку од оној во други земји, со цел да ги мотивира купувачите да ги пробаат нејзините парфеми.

-Баш затоа што сме мала земја, ги немаме сите ресурси и услови да создадеме нешто квалитетно, па така нарачуваме од Италија, Франција, Турција… и склопуваме всушност странски производ со македонски баркод, бидејќи тука ја соединуваме приказната. Автоматски станува македонски бренд и производ.

Што ми е поентата?
Сите кои ги пробаа парфемите беа изненадени колку се добри. Да, ете можно е и македонски производ да биде квалитетен и да вреди за парите – порача пејачката.

Според она што може да се види на официјалната страница на ЕРА, се нудат женскиот и машкиот парфем, а цената на еден изнесува 4.600 денари.

Вики Клинчарова

Поврзани новости