Вратата од ЕУ ни е отворена, од нас зависи дали ќе го преминеме прагот, смета министерот Оливер Спасовски

by Fokus

Креирањето на заедничките политики е само предуслов за заедничко функционирање во рамки на Европската Унија. Вратата е отворена. Од нашите заложби зависи дали ќе го преминеме прагот. Но она што сигурно знам е дека решително чекориме напред. Европскиот моментум е неминовен – порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на министерскиот форум посветен на внатрешни работи и правда ЕУ – Западен Балкан 2023 што се одржува во Скопје.

– Посебна чест ми претставува што токму Република Северна Македонија, за само четири години повторно ги отвори вратите како домаќин на Форумот ЕУ – Западен Балкан, овој пат во момент кога светот, како никогаш досега во поновата историја не бил пред така силни геополитички, па и цивилизациски предизвици, кои нужно бараат соодветни и глобални одговори. Оти едноставно, никој не е заобиколен од последиците коишто можат, во годините пред нас, да произлезат од актуелните случувања – потенцираше министерот Спасовски.

Тој зрази уверување дека преку овој форум ќе исползуваме илустративно да ги прикажеме нашите резултати и постигнувања во изминатиот период, да се разменат мислења и ставови кои ќе дадат придонес кон зајакнување на соработката и заедничките политики.

-Тука, особено би го истакнал зборот „заедништво“. Бидејќи не случајно сме собрани овде сите заедно. Факт е дека креирањето на заедничките политики е само предуслов за заедничко функционирање во рамки на Европската Унија. Вратата е отворена. Од нашите заложби зависи дали ќе го преминеме прагот. Но она што сигурно знам е и дека решително чекориме напред. Европскиот моментум е неминовен – смета министерот.

Поврзани новости