Пратениците кои ги отворија вратите на Собранието на крвавиот четврток, Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Јохан Тарчуловски се уште не се повикани на распит во Oсновното јавно обвинителство, иако тоа беше најавено за септември.
Обвинителката која го води случајот за телевизија 24 вели дека тие ќе бидат повикани кога ќе дојде време. Обвинителството се уште нема одредено датуми ниту за организаторите на протестот кој резултираше со крвавиот упад и покрај тоа што и нивните распити беа најавени за после одморите.
Досега обвинителството сослуша дел од напаѓачите и новинарите кои беа присутни во законодавниот дом, но не се позанимава со нарачателите, организаторите на протестите, како и пратениците кои беа фатени на камерите како ги отвораат вратите.