Племенските лидери повеќе од три децении ачик фураат модел на дезинтеграција со две алтернативни опции: создавање паралелни институции како основа за бинационална држава или, пак, сеалбанско обединување. Затоа, во стилот „Сто стапа по туѓ грб не болат“, бараат веднаш и сега уставни измени за бугаризација и бришење на фашистите од учебниците.
Пишува: Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Насловот сугерира состојба на нефункционална, разнебитена и корумпирана држава, во која будалштините имаат невообичаена аверзија кон нормалното и рационалното. А, народната мудрост вели дека тоа што ќе смисли будала, не може ниту воз да го повлече!
Будалштините не се за потценување и игнорирање. Напротив, имаат историски бекграунд со богати референци. Во одамна одвеаните времиња, будалеењето било професија, па на дворовите на многу владетели постоеле дворски будали за забава на монарсите и нивните семејства.
Некои од нив биле умни, но поради егзистенцијални причини, нивната работа била да прават од себе будали и да глумат лудило. Тие можеле на владетелот да му кажат работи, кои поданик не смеел ниту да ги помисли.
Сепак, најбројни се современите будалштини. Затоа во „Нашата земја“, законите се третираат како тесна врата во широко поле, низ која минуваат само будалите.
Со цел да не се заобиколува „вратата“, во последниве триесет и кусур години, властите презедоа декларативни мерки и активности за заградување на „полето“ со севозможни „врати“ и „огради“, но состојбата воопшто не се промени.
Очигледно, не вирее соодветна „почва“ за правила на игри и закони или, пак, таа е јалова и контаминирана.
ХАОТИЧЕН ПОРЕДОК
Наместо работите да ги именуваат со вистинското име, македонските анационални и корумпирани политиканти се прават наудрени и им гледаат низ прсти на будалштините од најбројното малцинство. Им ја отворија ширум вратата за будалштини во стилот „Остави ги, нека кинат зелени“, што резултира во хаотичен поредок.
Без оглед на севозможните отстапки, остана доследно на својот модус операнди кон профашистичкото минато, со постојани нови барања за ирационални и апсурдни концесии.
Племенските лидери повеќе од три децении ачик фураат модел на дезинтеграција со две алтернативни опции: создавање паралелни институции, како основа за бинационална држава или, пак, сеалбанско обединување.
Затоа, во стилот „Сто стапа по туѓ грб не болат“, бараат веднаш и сега уставни измени за бугаризација и бришење на фашистите од учебниците.
Парадокс е што и „меѓународната заедница“ го толерира нивниот етношовинизам, етноцентризам, распашана косовизација, сеционизам и необализам.
Македономизијата, преку анахроното сценарио за реализација на вековниот сон за големоалбанската кауза, почна веднаш по распадот на сојузната држава.
Уште во мугрите на демократијата со негласањето за Уставот, прогласувањето на „Илирида“, формирањето паравојска, терористичката агресија од УЧК и несреќниот Рамковен договор.
Во име на „етничка релаксација“, „мир во куќа“ и „сласт за власт“, македонските подлизурковци го виткаа ’рбетот и се пупеа.
Се согласија за формирање „двоглави влади“ со етнички наместо граѓански партии, не реагираа за истакнувањето знаме на туѓа држава, молчеа за деградирањето од народ во „заедница“, овозможија албанското малцинство да стане конститутивен народ во изградбата на Македонија, ич немаа гајле за формирањето навивачка група со нацистичко име „балисти“.
ПАРАЛЕЛНА ДРЖАВА
Следуваа вработувања по етнички клуч, паралелни етнички универзитети, Стопанска комора, употреба на албански јазик во Собранието и на меѓународни настани.
Агендата продолжи со територијалната поделба, Тиранската платформа, фингиран попис на населението, лобирање во полза на Косово, потпишување на своја рака на вториот протокол со Бугарија, именување заменик-министри и заменик-директори како „леви сметала“, паралелни портпароли на владата…
Немаат крај барањата и отстапките во манирот „Дај му прст, ќе ти побара рака“. Во секое одбивање препознаваат албанофобија. Без трошка лојалност кон државата и нејзините симболи, во тек се иницијативите за албанска академија на науките и уметностите, менување на државното знаме, химна и грб, етнички буџет, двојазични банкноти.
Им се може, бидејќи, без усул и срам, агресивно и безобразно ги третираат Македонците за етничка заедница со спорен идентитет, која нема легитимност да биде наследник на државотворноста. Македончето гувее, уклевно есапејќи ги како будалштини ужасните провокации, навреди и омаловажувања.
Македонските корумпирани родоотстапници и дрчни трговци, доколку преферираат правна наместо бербат држава и демократија наместо кримократија, мора да сфатат дека на интегративците и нивните деривати Алијанса, Алтернатива, Беса и ДПА, до Македонија и македонизмот им е како до ланскиот снег. Тие најдоа, па зајдоа!