Со меѓународно поетско читање „Мостови” и врачување на наградитe, „Златен Венец“, „Браќа Миладиновци” и „Мостови на Струга”, вечер на Мостот на поезијата во Струга завршува 61. издание на манифестацијата Струшки вечери на поезијата.
Годинашниот лауреат, јапонскиот поет Шунтаро Таникава, поради поодмината возраст не присуствува на Фестивалот, а признанието во негово име ќе го прими неговиот син Кенсаку Таникава, истакнат јапонски композитор и пијанист.
Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2022 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата ќе му биде врачена на македонскиот поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски за збирката „Збунети компаси“. Признанието „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата го доделуваат за најдобар поет-дебитант ќе му биде врачено на италијанскиот поет Џерардо Мазучо.
Во престолнината на поезијата и градот на мостовите инспирирани од Охридското Езеро, реката Црн Дрим и природните убавини деновиве творат и читаат поезија 50-тина поети од земјава и странство.
Меѓунардниот поетски фестивал свечено беше отворен во четвртокот со традиционалнот палење на фестивалскиот оган и садење дрвце во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златниот венец“.