484
Управата за јавни приходи денеска за „Фокус“ ја потврди информацијата дека вработените во оваа институција за месец јуни зеле пониска плата за 5 отсто.
– И покрај намалувањето на јунската плата за 5 проценти, даночните службеници и Управата за јавни приходи продолжуваат со ефикасно вршење на своите надлежности, односно подобрување и поедноставување на услугите за фирмите и граѓаните, наплата на даноци, придонеси и други јавни приходи и обезбедувањето на 68 проценти од приходите во Буџетот на Република Македонија – велат од УЈП.
Остана нејасно зошто и дали само во УЈП биле скратени јунските плати. За јули, сепак вработените од оваа институција ја зеле целата плата.