Постапките за организација на генерален штрајк се во тек , рече Васе Недановски, претседател на Синдикалната организација на УЈП во вечерашното гостување на телевизија Телма.
Додава дека за нив не претставува проблем тоа што се зголемени платите на врабтените во Министерството за финансии, туку тие се убедени дека според член 66 со законот за буџети и дополнително автентичото толкување донесено од Собранието поврзано со истиот член ги опфаќа и нив како институција.
-Вработените требаше да го добијат тоа покачување затоа што според колективниот договор нема дел во членот кој вели да бидеме изземени. Во управата за јавни приходи одредени вработени со статус државни службеници земаат плата со покачување од 30%, но според новиот закон на УЈП тоа нема да може така, вели Недановски.