Вработените во Управата за јавни приходи, Царинската управа и судската администрација на протест, бараат зголемување на платите и исплата на додатоците.
Синдикатот на Царинската управа денес излезе на предупредувачки протест. Бараат исплата на додаток од 30 отсто од платата и нов колективен договор.
Доколку не наидат на слух од надлежните институции се заканија дека ќе ги радикализираат протестите. Една од опциите е затворање на граничните премини.
Од вчера вработените во УЈП по два часа дневно, од 10 до 12, протестираат на работното место, без да ги извршуваат работните обврски . Тие бараат зголемување на платите од 30 отсто.
Пред Основниот кривичен суд протестира и судската администрација, која бара да се изгласа закон за зголемување на нивните плати, а дотогаш да добиваат додатоци во висина од 25 отсто од платите.