Вработените во театарот Комедија се шокирани од денешното решение на Министерството за култура, со кое е разрешена в.д. директорката Нора Шакири, а на таа функција е поставена актерката Магдалена Ризова –Черних.
Колективот на театарот не се согласува со одлуката, зашто , како што велат, поставен е човек кој беше дел од претходната управа , која што беше разрешена заради неправилности во работењето и потрошени 12 милиони денари, кои не можеа да се покријат со одобрените сретства од министерството.
„Кога Театарот беше на колена, во долгови, без основни услови за работа и нарушени меѓучовечки односи, в.д. директорката што сега ја разрешува министерството за култура успеа да реши дел од овие проблеми и да го врати театарот на вистински пат. Па, се појавува прашањето дали некој со интенција сака да го сруши театар Комедија и да го врати во агонија, во која што беше пред да се постави Нора Шаќири за в.д директор“ вели актерката Жаклина Петровска.