444
Владата на денешната 65-та седница го задолжи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да ги преземе сите потребни активности за реализација на покачувањето платите на вработените во МВР во висина од пет проценти, почнувајќи со платата од септември 2022 година.
Како што соопшти владината Прес-служба, Владата донесе ваков заклучок по известувањето од Министерството за внатрешни работи дека во буџетот на МВР за 2022 година се предвидени средства за ваквото покачување од месец септември и со цел да се направи промена на решението за вредноста на бодовите.