Вработените во Министерство за финансии нема да добиваат дополнување на плата од 30 отсто, соопшти Кацарска

by Fokus

Уставниот суд донесе одлука вработените во Министерството за финансии да не го земаат надополнувањето на плата од 30 отсто, соопшти претседателката Добрила Кацараска.

„Донесена е конечна одлука со којашто е укината оспорената одредба од Законот. Се работи за укинувачка одлука, а не за поништувачка одлука, што значи дека во иднина вработените нема да го земаат тоа надополнување, како што гласеше во Законот, на плата и нема да ги вратат оние парични средства што претходно ги добиле“,рече Кацарска.

Но како што објасни Кацарска, вработените во Финансии, како и институциите кои се под негова ингеренција, нема да треба да ги враќаат паричните средства кои досега ги добиле согласно оспорената одредба од Законот за буџети, бидејќи конечната одлука е укинувачка, а не поништувачка.

Претседателката на Уставен, рече дела во Судот пристигнала и е оформен предмет по иницијатива на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) за преиспитување на т.н. Балансер (алатка/калкулатор кој одредува од која националност треба да бидат идните кандидати при оглас за вработување)

Лани во декември Уставниот суд поведе постапка за преиспитување на уставноста на членот 66 став 3 од Законот за буџети, со кој се овозможи покачување за 30 отсто на платите на вработените во Министерството во финансии и органи на државна управа кои вршат работи поврзани со Буџетот.

Исто така Уставниот суд тогаш ја замрзна исплатата на надополнувањето на основната плата за 30 отсто, додека Судот не ја донесе конечната одлука, а за која денеска информира Кацарска.

Поради тоа кон крајот на декември, вработените во Финансии, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), излегоа на протест пред Уставниот суд.

Поврзани новости