Уставниот суд донел одлука за платите на вработените во Министерството за финансии.
Претседателката на Судот, Добрила Кацарска, денеска рече дека се работи за укинувачка одлука, а не за поништувачка, а тоа значи дека во иднина вработените нема да го земаат надополнувањето на платата и нема да ги вратат паричните средства што претходно ги добиле.
Според Кацарска, Уставниот суд оформил предмет и по иницијативата поднесена од ДКСК за оспорување на балансерот за вработувањата по националност.
– Донесена е конечна одлука со која е укината оспорената одредба од законот. Се работи за укинувачка одлука, а не за поништувачка, што значи, во иднина вработените нема да го земаат тоа надополнување на плата, како што гласеше во Законот, и нема да ги вратат паричните средства што претходно ги добиле, истакна Кацарска.