Директорот на канцеларијата на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер поднесе оставка поради одбивањето на неговиот шеф да се откаже од профитабилните позиции во руските гасни компании.
Албрехт Фанк, кој служеше како менаџер на канцеларијата на Шредер повеќе од 20 години, минатата недела одлучи да ја напушти својата работа откако Шредер не го послуша неговиот совет да ги напушти функциите во гасните компании „Роснефт“ и „Гаспром“ по руската инвазија на Украина, пишува германскиот портал „Пионер“
Според извештајот, вкупно четворица вработени, вклучувајќи го и Фанк, дале отказ во канцеларијата на Шредер поради ова прашање.
Минатата недела, поранешниот социјалдемократски канцелар ја критикуваше војната на Путин преку LinkedIn, но остана на ставот дека „двете страни направија грешки“, останувајќи на неговиот став дека НАТО се прошири премногу на исток по крајот на Студената војна, со што го провоцира Кремљ.
Половична осуда на Шредер дојде по неколкунеделен зголемен притисок веднаш да стави крај на неговата заплетканост во интересите на рускиот гас – притисок на кој тој досега се спротивставуваше.
Оттогаш станаа се погласни барањата на Шредер да му се одземат сите бенефиции што ги ужива поранешниот канцелар во Германија, вклучително и убавите исплати на пензии.
За време на викендот, Ларс Клингбајл, ко-лидер на социјалдемократите, го повика поранешниот канцелар да ги прекине неговите врски со Кремљ.
По инвазијата следеше заострување на политиката на Германија кон Русија, со последици низ општеството.
Во вторникот, Филхармонијата на Минхен го отпушти својот диригент Валери Гергиев, откако тој одби да се дистанцира од Путин, додека фудбалскиот клуб Шалке 04 во понеделникот го прекина партнерството со „Гаспром“.