Вработените во кафулето каде Навални пиел чај не знаат ништо за труењето

by fokus

Во аеродромското кафуле каде рускиот опозиционер Алексеј Навални навални пиел чај пред летото, велат дека не знаат ништо за труењето.

Полицијата ги испитала вработените во кафулето и тие рекле дека не знаат ништо за тоа, а некои од нив не знаеле ништо ни за Навални.

ТАСС, повикувајќи се на неименуван извор, соопшти дека руските безбедносни сили не ја разгледуваат верзијата дека Навални е намерно отруен, иако прелиминарната дијагноза по хоспитализацијата е дека тој бил отруен со психодислептици, како и дека самиот нешто проголтал.

Портпаролот на авиокомпанијата С7, со чиј авион рускиот опозициски лидер Алексеј Навални патувал, пак претходно соопшти дека Навални ништо не јадел ни пиел во текот на летото.

Поврзани новости