437
Вработените во комбинатот Југохром во тетовско Јегуновце денеска излегоа на мирен протест со барање да се вратат на работа од први март годинава.
Според вработените, Министерството за животна средина треба да ги најде вистинските загадувачи, а менаџментот во најкус рок да ги постави филтрите и „Југохром“ да добие интегрирана А-дозвола. Тие не сметаат дека Југохром е најголем загадувач на Тетово, бидејќи и по неговото престанување со работа, воздухот во Тетово е екстремно загаден.
Од комбинатот најавија дека во февруари ќе започне поставувањето на филтри, а од март печките на Југохтом ќе се рестартираат.