Вработените во ЈСП најавија штрајк, градоначалничката во ова гледа политика

by Fokus

Независниот синдикат на ЈСП најавува штрајк, бараат подобри услови за работа.

Скопската градоначалничка Данела Арсовска кажа дека штрајкот е политички мотивиран. Според неа, не треба тоа да го прават.

„Многу ми е жал. Тоа претпријатие е останато девастирано од претходното раководство. Тие не успеале да ги сервисираат ниту новите возила од 2019 година, а да не зборам за експонатите. Независниот синдикат не знам зошто покренува вакви активности, можеби и политички е мотивирано, бидејќи беше разговарано за скалесто зголемување во рамки на сите претпријатија. Тоа не е добро за нив како синдикат бидејќи го губат својот кредибилитет во процесот на преговарање, а го нарушуваат она што вработените го имаат“, кажа Арсовска, на вчерашната прес-конференција.

Инаку, во декември лани, тогашниот директор на ЈСП, Иван Илиевски, се сретна со трите репрезентативни синдикати на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје, Миќо Стојановски, претседател на Синдикална организација на ССМ при ЈСП Скопје, Зоран Стојановски, претседател на Независен синдикат при ЈСП Скопје и Африм Муча, претседател на Независен возачки синдикат при ЈСП Скопје.

 

Поврзани новости