63
Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест. Тие бараат усогласување на платите со растот на минималната плата.
Од Синдикатот соопштија дека ќе бараат и разрешување на целиот управен одбор на фондот и поставување нови членови кои ќе го дозволат усогласувањето на платите.
Вработените во ФЗО штрајкуваа и пред три месеци, но штрајкот беше ставен во мирување по одлуката да не им се намалат платите.