Вработените во ФЗО утре ќе штрајкуваат, ќе се работат само итни случаи

by Fokus

Утре вработените во Фондот за здравствено осигурување стапуваат во штрајк, поради најавата за намалување на нивните плати за 21%.

Како што најавија, ќе се работат само итните случаи за малолетните осигуреници, лекувањето во странство или за хоспитализиран пациент.

На шалтер нема да може да поднесат документи за исплати на боледувањата и на породилните отсуства, за разни медицински помагала, за платите на сите вработени во јавниот сектор, како и капитацијата на матичните лекари и на специјалистите.

Закажаните комисии за продолжено боледување ќе работат следната недела и граѓаните ќе бидат услужени за да не останат без работа и пари.

Директорите на ФЗО велат за штрајкот дека тоа е законско право и дека тој е регуларно најавен.

Поврзани новости