610
Сопствениците на дуќани и трговците може да влезат во трговскиот центар „Сити мол“, но влезот и натаму останува забранет за посетителите и за новинарските екипи, пренесе репортерот на Алсат од теренот.
Полицијата сѐ уште не може да каже дали дојавата за бомба е лажна или не, но просторот околу трговскиот центар сѐ уште е под полициско обезбедување.
Од МВР соопштиле дека специјалните екипи излегле на теренот веднаш штом службите од трговскиот центар алармирале во полиција за анонимната дојава за бомба.