Вработените од Зоолошката градина се евакуирани поради сомнеж за смртоносна бактерија кај птиците

by fokus

Зоолошката градина од утринава е затворена, а евакуирани биле и вработените, објави Мета.мк, повикувајќи се на извори од ЗОО Скопје.

Неофицијално, како што објави Мета.мк, станува збор за заразна бактерија кај гуските која може да се прошири и кај луѓето. Во последниве денови угинале десетина гуски, а сега се усмртуваат и останатите.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов кратко изјавил дека од рано изутрина е во Зоолошката градина и дека ќе се вршат сите можни испитувања за да се види точно за што станува збор.

Поврзани новости