452
Вработени во „Твитер“ поднесоа колективна тужба против компанијата откако новиот сопственик на социјалната мрежа, Илон Маск, преку електронска пошта ги известил дека ќе се соочат со отпуштања.
Вработени во „Твитер“ почнале да објавуваат на платформата дека нивните официјални налози за електронска пошта веќе биле затворени пред планираните отпуштања, објави „Си-Ен-Ен“.
Во тужбата се наведува дека компанијата „Твитер“ го прекршила федералниот Закон за прилагодување и преквалификација на работници бидејќи веќе отпуштил некои од своите вработени.