Вработени во Софиската опера и балет цртале графити на Споменикот на мирот во Хирошима

by fokus

Двајца вработени во техничкиот персонал на Софиската опера и балет го осквернавеле Споменикот на мирот во Хирошима.

На споменикот посветен на жртвите од нападот со атомска бомба во Хирошима вчера било забележано дека се испишани три графити, од кои еден на бугарски јазик и гласи „Локо Софија“.

Графитите биле напишани со црн спреј, а вработените во Софиската опера и балет кои го извршиле вандализмот се суспендирани и отстранети од трупата.

Софиската опера и балет во моментов се наоѓа на турнеја во Јапонија, а поради инцидентот институцијата јавно се извини за случајот.

Поврзани новости