Вработени во МРТВ денес организираа акција за чистење на кејот на реката Вардар во Скопје. Тие споделија фотографии од настанот на социјалните мрежи, пренесувајќи ја пораката дека сите треба да бидеме одговорни и да се грижиме за чистотата во градот.
-Сите ние сме одговорни за животната средина и чистотата во нашиот град. Затоа, вработените на МРТВ организираат акција за чистење на јавен простор. Акцијата ќе се одржи на 20-ти јуни 2019 година (четврток) со почеток во 10:00 часот, на кејот на реката Вардар, на потегот од мостот „Мајка Тереза“ до „Камениот мост“. На оваа наша иницијатива се приклучува и Делегацијата на Европската унија во Скопје, која ги поддржува ваквите иницијативи преку кампањата „За чисто како дома исто“. Ако сакате да дадете свој придонес добредојдени сте!- информираа на страницата на МРТВ.
Вики Клинчарова