435
Двајца вработени во Министерството за надворешни работи се степале во текот на вчерашниот ден, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера во 16,40 часот, Т.Р.(41) од Скопје пријавил дека истиот ден во 15,20 часот, во канцеларија во зградата на Министерството за надворешни работи на улица “Филип Втори Македонски“ во Скопје, физички бил нападнат од В.С., со кого ја делел канцеларијата. Според пријавата, додека Т.Р. извршувал работни задачи, В.С. го нападнал со повеќе удари со тупаници во пределот на главата и телото. На Т.Р. му била укажана лекарска помош во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“.
Се превземаат мерки за расчистување на случајот.