Вработени во Министерство за економија овозможиле легализација на возила кои не ги исполнувале условите

by fokus

Четворица скопјани заработија кривична пријава, поради несовесно работење во службата, пренесува МВР.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против И.Т.(51), О.А.(37), Н.П.(38) и М.Т.(54), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во период од 25.12.2015 година до октомври 2016 година, пријавените, како вработени во Министерството за економија – Биро за метрологија, овозможиле да бидат легализирани патнички возила и покрај тоа што не ги исполнувале условите предвидени во член 24 од Законот за возила“, велат од МВР.

Поврзани новости