Вработени во ЈП „Комунална хигиена“ натепале колега, бидејќи излегол да го чисти ѓубрето

by Fokus

Вработени во ЈП „Комунална хигиена“ претепале колега кој чистел отпад во Скопје. Според инфармациите од полицијата ова се случило доцна синоќа,  откога камионите на претпријатието излегоа од дирекцијата и почнаа да го собираат сметот во Скопје.

„На подрачјето на Гази Баба полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф. Ц. (28) од Скопје, вработен во ЈП ‘Комунална хигиена’ – Скопје поради тоа што вчера околу 23.30 часот, во трговски центар на подрачјето на Гази Баба, заедно со Д. Д. и уште неколку лица, физички го нападнал Д. С. (37) од Скопје додека ги извршувал своите работни задачи како вработен во ова претпријатие“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Неофицијално, причината за претепувањето на вработениот од „Комунална хигиена“ е бидејќи не останал да го поддржи протестот и излегол на терен да работи.

МВР најави дека ќе има кривична пријава за насилство за сите што учествувале во претепувањето, а преку надзорни камери, очевидци и изјави се утврдува кој сè учествувал во настанот.

„Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на лицата, а по неговото документирање од страна на Единицата за насилен криминал, ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело насилство по член 386 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

Вработените во ЈП„Комунална хигиена“ вчера повторно протестираа барајќи поголеми плати и да се повлечат отказите на вработените кои ги даде директорката Косана Мазнева Николиќ. Тие синоќа го попречуваа обидот на раководството на претпријатието и на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска да се организира работата за собирање на ѓубрето од контејнерите на скопските улици. не дозволуваа камионите да го напуштат кругот на претпријатието по што беше повикана полиција да интервенира.

 

Од МВР синожа информираа дека околу 22 часот добиле информација дека има протест во ЈП2Комунална хигиена“ на кој присуствувале и лица кои не се вработени во претпријатието. По интервенција на полицијата од полициската станица Гази Баба возилата за собирање смет беа извадени од препријатието.

 

Поврзани новости