Вработени во „Хуавеи“ со години соработувале со армијата на Кинa

by Fokus

Вработени во кинеската телекомуникациска компанија Хуавеи соработувале во најмалку 10 проекти со кинеските вооружени сили во изминатата деценија, објави Блумберг.

– Вработени во Хуавеи биле во тимови со членови на разни структури на кинеската армија на проекти – од вештачката интелигенција до радио комуникации, објави Блумберг.

Портпаролот на Хуавеи Глен Шлос, изјави дека компанијата не соработува, ниту пак е партнер на институции што соработуваат со кинеската армија.

Шлос истакна дека Хуавеи развива и произведува само комуникациски производи што ги исполнуваат светските цивилни стандарди.

Поврзани новости