Вработени во Дирекција за заштита и спасување повредени при експлозија на противградна ракета

by Fokus

Двајца вработени во Дирекција за заштита и спасување се здобиле со повреди, откако им експлодирала противградна ракета, информираат од МВР.

„На 03.06.2020 во 13.00 часот било пријавено дека во Главниот метеоролошки радарски центар – Ѓуриште, Г.И.(58) од Куманово и М.С.(64) од Скопје, вработени во Дирекцијата за заштита и спасување, се здобиле со повреди при експлозија на противградна ракета. Според пријавеното, тие имале задача да подигнат 11 противградни ракети со изминат рок или неисправни. При обид на Г.И. да извади една од нив, таа експлодирала и ги повредила двајцата. Тие биле пренесени во Медицинскиот центар Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе“, додаваат од МВР.

Поврзани новости