Пишува: Катерина СМИЛЕВА БОЖИНОВСКА
„Фокус“ минатиот месец откри и објави дека подолг период во текот на летото 2022 година граничните вредности на линдан во воздухот во кругот на некогашниот хемиски гигант ОХИС биле надминати.
Но, како што продолживме да „копаме“ по оваа високо-контаминирана тема, откривме и нови пропусти од страна на надлежните.
Овојпат, појдовна точка ни беше Државниот инспекторат за животна средина, како одговорен орган кој конторолира дали се почитуваат сите прописи при процесот на чистење на линданот од малата депонија во ОХИС.
ПРЕПОРАКА ЗА ЗАШТИТНА ОПРЕМА
За разлика од многу државни институции, Државниот инспекторат се покажа како максимално транспарентен и немаше проблем да ги сподели своите информации со нас.
Бидејќи од мај до јули 2022 година вкупната концетрација на линдан (вкупната вредност на сите изомери) на мерното место 2 во кругот на ОХИС била повеќе од два пати над граничната вредност, а концентациите на алфа измоерот бил над градничните се до септември, прашавме дали Инспекторатот реагирал на оваа состојба и дали нешто било преземено за заштита на граѓаните.
Важно е да се напомене дека во кругот на ОХИС сега под наем работат триесетина фирми и неколку стотици луѓе секојдневно се во близина на депонииите со линдан.
Од Државниот инспекторат ни одговорија дека по добиено барање од Инспекцискиот совет, направен е координиран инспекциски надзор со инспектори од Државен инспекторат за труд во два правни субјекти во врска со зголемени концентрации на линдан во кругот на поранешен ОХИС.
По извршените надзори и врз основа на податоци добиени од мониторингот на концентрациите на линданот, Инспекторат доставил известување до Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Фокус“ дојде до содржината на ова известување со кое се бара Министерството како носител на проектот за чистење на линданот да го извести сопственикот на земјиштето на ОХИС дека поради зголемени концентрации на линдан вработените во фирмите кои работат под наем треба да носат лична заштитна опрема.
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК