573
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.Џ. од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, соопштија денеска од МВР.
Оттаму информираат дека „во периодот од 28.04.2020 до 21.09.2022, пријавената – вработена во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување – Виница ги злоупотребила своите работни задачи и обврски и во четири наврати аплицирала за брзи кредити во две финансиски друштва на име на друго лице од Виница, користејќи ги нејзините лични податоци“.