497
Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош во полициска станица денеска извршиле службен разговор со С.С.(53), вработена во Градската општа болница „8-ми Септември“.
Таа се сомничи дека од С.М., додека бил на лекување во болницата, одзела платежна картичка и пазарела во повеќе продажни објекти, по што ја вратила картичката. Во службениот разговор таа го признала делото.
По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.