Вработена во агенција и баба на две малолетни внуки фалсификувале полномошно за патување

by Fokus

Вработена во туристичка агенција во Скопје и баба на две малолетни девојчиња фалсификувале полномошно за патување во странство без одобрение од родителите на децата.

Според информациите од полицијата, одделението за прекуграничен криминал и миграции при РЦ ЈУГ  поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје против В.Ф.(58) и Н.С.(62) и двете од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Имено, на 13-ти минатиот месец во просториите на туристичка агенција со седиште во Скопје, од страна на првопријавената била направена согласност за патување во странство на име на две девојчиња на возраст од 13 и од четири години, пришто двата документа биле со копија од заверка и печат од Нотар од друг документ. Второпријавената таквите документи на 14.06. ги употребила како вистинити при излез од Р. Македонија на граничен премин Богородица.

Поврзани новости