Вработена кај Боки 13: Во неговиот дом доаѓаа Камчев, Кирацовски, Кичеец, Шекеринска, Јанева…

by fokus

Драгана Колевска, која работела во домот на Бојан Јовановски, сведочеше на денешното рочиште за случајот „Рекет“. Таа откри дека на гости на Боки 13 му доаѓале многу познати личности.

– Доаѓаше и Венко Филипче, Орце Камчев со Зоран Милевски, Стефан Богоев, Александар Кирацовски, Лила Филиповска, Сергеј Варошлија и други. Куќата имаше безбедносен видео надзор. Еднаш дојде Катица Јанева, чест гостин беше Зоран Милески, а понекогаш не ни тропнуваше на врата, туку влегуваше внатре. Доаѓаа и новинари од 1ТВ, а еднаш дојде и Радмила Шекеринска– рече сведокот.

Таа посочи и дека Боки 13 реновирал, односно го промени ентериерот на дневната соба, а набавил и уметнички слики.

Пред Колевска сведочеше новинарот Хруистијан Баневски, кој беше дел од тимот на 1ТВ.

 

Поврзани новости