617
Во една од странските инвестиции во индустриската зона Бунарџик, фабриката на „Кемет Инженеринг“ денеска околу 11 часот загинал еден од вработените. Според информации од полицијата, 26 годишното момче загинало кога врз него паднала работна машина. Вработениот починал на лице место.
Од МВР велат дека за настанот известена е Трудовата инспекција. Полициски екипи извршиле увид на местото на несереќата, а телото на починатиот по наредба на Јавен обвинител е предадено на обдукција.