Вработен во расадник во Тетовско со камен си го убил газдата од Холандија

by fokus

Вработен во расадник во Тетовско си го убил газдата со камен во глава по вербална и физичка пресметка, соопшти Основното јавно обвинителство.

Надлежен јавен обвинител во моментов врши увид на местото каде е убиен 60 годишниот жител на тетовското село Јанчиште.

Како што соопшти ОЈО, денеска во 13:30, 45-годишен жител на тетовското село Јанчиште, го лишил од живот неговиот работодавец, 60-годишен државјанин на Кралството Холандија.

-Настанот се случил во расадник во селото Прељубиште, сопственост на сега починатиот. Осомничениот вработен во расадникот најпрвин започнал вербална расправија, а потоа и физичка пресметка со работодавачот. Притоа тој му задал удар со камен во главата и му нанел смртоносни повреди, се наведува во соопштението на ОЈО.

Јавниот обвинител издал наредби за обезбедување на траги и нивно натамошно вештачење и наредба за обдукција на починатото лице, а одземени се и видео записи од мобилен телефон на очевидец на настанот. Осомничениот е лишен од слобода, а истрагата во обвинителството продолжува до целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости