Вработен во Пошта – Центар Жупа од сметката на акционерско друштво украл над 50.000 евра

by Fokus

МВР информира дека ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Е.М.(29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Според информациите, тој, во текот на 2023 година, како вработен во АД „Македонски пошти“ – подружница во Општина Центар Жупа, со искористување на својата службена положба и со пречекорување на своето службено овластување, од сметката на акционерското друштво извршил неовластено присвојување на парични средства.

Со тоа, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 3.095.358 денари, околу 50.000 евра.

 

Поврзани новости