485
Вработен во Општина Тетово доби кривична пријава за сторено кривично дело „проневера во службата“. Министерството за внатрешни работи соопшти дека СВР Тетово поднело кривична пријава против Б.Б.(38) од Тетово, бидејќи лани присвоил мобилен телефон кој бил во сопственост на Општината.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.(38) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘проневера во службата’. Во текот на 2022 година, пријавениот во својство на вработен во општина Тетово противправно присвоил мобилен телефон кој бил во сопственост на Општината“, соопшти МВР.