638
Вчера претпладне се случила сообраќајна незгода во која повреден бил малолетник во Аеродром, откако полициско возило удрило во него.
„На 30.10.2019 во 11.35 часот после кружниот тек од улиците „Коста Новаковиќ“ и „Ангел Димовски“, патничко моторно возило „опел астра“, сопственост на МВР, управувано од Б.Р., удрило во малолетник, кој се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје и Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди“, велат од МВР.