„Ако поставиш прашање, никогаш нема да добиеш интервју“. Со овие зборови Јане Лазевски од МНР се обидел да го замолчи новинарот на ТВ21 и да не му дозволил да постави прашање на прес конференцијата, по средбата на министерот Никола Димитров и посредникот Метју Нимиц
Сепак, новинарот поставил прашањето, а за да добие збор, се согласил и меѓународниот посредник, барајќи внимание за прашањето што ќе му биде поставено.
Новинарот на ТВ21 започна да го поставува прашањето без микрофон, а во текот на поставувањето на прашањето, беше предупреден од страна на Лазевски за да не ја доврши реченицата.
По завршувањето на прес-конференцијата, други вработени од министерството му се заканиле на новинарот со одземање на акредитацијата и упатување на протестна нота до редакцијата.
ТВ21 побарала објаснување дали е ова официјален став на МНР, или само на еден вработен во министерството, но одговор од таму сѐ уште не добиле.