545
Синоќа по полноќ жител на струмичко Моноспитово бил нападнат од едно лице, кое веројатно било едно од вработените во угостителскиот објект каде што бил.
„Утринава во 06:05 часот, А.Џ.(35) од с. Моноспитово пријавил дека околу 02:30 часот пред угостителски објект во Струмица бил физички нападнат од едно лице кое, според пријавата, најверојатно бил еден од вработените. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.