Вработен во кумановскиот затвор фатен во продажба на мобилен телефон

by fokus

Против вработен во кумановскиот затвор е поднесена кривична пријава откако бил фатен во обид да продаде мобилен телефон на затворениците.

„Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против И.Б.(44) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. И.Б, вработен во Затвор Куманово – отворено одделение Крива Паланка, лоциран во село Кшање, кумановско, Одделение за стручно – инструкторски работи-Сектор за ресоцијализација, на работно место Самостоен референт за практична обука на осудени лица од областа на дрво – преработувачка дејност, ја злоупотребил неговата службена должност и овластување и во просторија лоцирана во кругот на затворот со намера да го продаде на осудените лица во Затворот за одреден паричен надоместок, внел и прикрил еден мобилен телефон“, соопштија од МВР.

Поврзани новости