540
Екипа на Брза помош интервенираше пред јавното претпријатие „Комунална хигиена“, каде веќе се одржа протест ма вработените, но на крај, со полициска асистенција, се тргна блокадата и камиони излегоа на терен.
Во меѓувреме, зема со носилка и внесе во комбето работник, облечен во униформа. Засега не се знае што точно му се случило.
Новинарот на „Порталб“, кој известува од протестот, пак, беше тргнат на страна од полицајците и не можеше да го следи и снима настанот.
Тој се пожали и побара да разговара со командирот, бидејќи смета дека со интервенцијата од полицијата, тој е спречен да ја врши својата новинарска должност.
Сепак, полицајците продолжија со наредбите да се тргне настрана, поради безбедносни причини.