Вработен во Клиника за стоматологија заразен од смртоносна бактерија, оттаму велат дека нема простор за паника

by fokus

Откако денеска излезе информација дека вработен во Клиника за стоматологија е заразен со смтоносната бактерија МРСА, од ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон- Скопје информираа дека нема простор за паника.

„Во врска со објавената вест дека во Стоматолошките клиники е откриена бактерија „МРСА“, ја информираме јавноста дека кај еден од вработените е најдена оваа бактерија, но со целосна одговорност ја уверувам јавноста дека нема место за страв кај пациентите.

Состојбата е под контрола, преземени се сите мерки за дезинфекција и изолирање на бактеријата. Само кај еден вработен е потврдено присуство на  бактеријата, но тој е изолиран и не доаѓа на работа.

Превентивно, направена е комплетна дезинфекција на просториите на катот каде вработениот работел, а во тек е дезинфекција и на сите простории.

Иако кај ниту еден од останатите вработени нема сомнителни симптоми, превентивно по итна постапка во текот на денешниот ден (30.01.2019 година) се закажани термини за санитарен преглед на сите вработени во просториите на клиниката.

Согласно наведеното, апелираме до јавноста дека нема потреба од создавање на паника, ниту било каков сомнеж за сигурно и квалитетно давање на стоматолошки здравствени услуги на нашите пациенти“, велат од Клиниката за стоматологија.

Поврзани новости