Вработен во казино во Брвеница украл околу 800 евра од касата

by irena 11:51
11:51

МВР информира дека вработен во казино во тетовско Брвеница е пријавен дека од касата на објектот одзел 48.540 денари, односно околу 800 евра.

Според полициските информации, вчера во 13 часот, во СВР Тетово случајот го пријавил 45-годишен скопјанец, овластено лице на правниот субјект.

Според пријавата, парите ги украл 30-годишниот А.Д. од Тетово, кој бил вработен во казиното.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

 

Слични вести